Албанската опозиција ја обвинува ДУИ дека троши пари од буџетот за инвестиции во казина. Според Ардијан Демири од колаицијата „Вреди“, вака потрошените пари можело да бидат употребени за изградба на конкретни проекти во инфраструктурата, објави АЛСАТ.
„Шест милиони евра потрошени за дополнително зајакнување на казино-индустријата преку софтвер за „грозје и сливи“. Тоа ќе беа 6 милиони евра повеќе за софтвер за студенти, за дигитализација на образованието без книги, за уште поголема санација на чаршијата, за изградба на патишта, градинки, училишта, библиотеки, културни центри итн. Со овие 6 милиони евра одобрени со потпис, на кој друг ако не на жртвата на Артан Груби, Перпарим Бајрами, сумата што ја инвестира ДУИ во коцкање достигна 46 милиони евра за само четири години!“, рече Ардијан Демири, од коалицијата „Вреди“.