По три и полчасовен протест пред зградата на албанскиот парламент, приврзаниците на обединетата опозиција се префрли пред Полицискиот директорат во Тирана.

Демонстрантите бараат ослободување на неколкумината уапсени по претходниот протест.

Учесниците на протестот фрлале со тврди предмети кон зградата, при што се скршени стаклата на неколку прозорци.

Демонстрантите извикуваат „Ослободете ги нашите браќа“ и „Нема да си одиме се додека не ги ослободите“.