Албанскиот портал Ора њуз објави истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, но меѓу нив има и политичари од Македонија.

-Сметките за престој во хотели со 5 ѕвезди направија досието на поранешниот министер Арбен Ахметај да заврши во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК). Сомнежите се дека со кредитната картичка на Клодијан Зото биле резервирани хотели со пет ѕвезди во повеќе европски земји, чија вредност се движи од 2.000 до 3.500 евра за ноќ, пишува порталот.

Заменик министер во македонското МВР, според порталот, платил 20.000 евра за ЕДНО ноќевање во лускузен хотел, а во уште полуксузен апартман.

-Пријава која стигна до „Ora Investigim’“ покажува дека слична ситуација имало и во Македонија. Поконкретно, заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој е со простор од 850 метри, пишува Ора њуз.

На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот го снима ентериерот на луксузниот апартман.

Во друг момент на видеото се гледа синот на заменик министерот Ќерим Буши во друштво на две девојки.

Едноставно пребарување на Booking покажува дека ноќевање во претседателскиот апартман е 20.000 евра.

-Може ли тој да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, кога се знае дека има месечна плата од околу 1.500 евра? Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин? Со кое лице патувал Буши во Истанбул во октомври 2020 година? Во наредните денови Тв Ора ќе објави и други материјали, каде познати личности од политиката директно или индиректно се поврзани со луѓе кои имаат матно минато и се обележани од правдата, објави порталот Ора њуз.