Слика која е впечатливо репрезентативна за уметноста на Дирер. Таа успешно ги спојува различните личности на големиот творец: неговата смисла за цизелирани ликови со вечно треперливите линии, длабокото студирање на проблемите врзани за перспектива, интензивност и психолошко единство на фабулата, снажно доживување на пејсажите…
Делото сведочи и за секогаш присутната Дирерова тензија помеѓу теориското знаење и мануелната пракса.
Сликата се наоѓа во Музејот Уфици во Фиренца.
Датум – 1504 година. Масло на на дрво 100х114 см