Опасниот руски криминалец Реваз Исмаилович Кахмазов, познат како Резо Лоткинскиј, се крие во Албанија под името Реваз Мендеки, објави порталот Албеу, повикувајќи се полициски извори.
Руските власти против 44-годишниот Кахмазов имаат распишано меѓународна потерница под обвинение за учество во серија вооружени грабежи, трговија со дрога, измама, продажба на наркотици во затвор и членство организирана криминална група,
Истрагата потврдила дека Кахмазов учествувал во 21 вооружен грабеж и 20 убиства, при што во 18 убиства биле вмешани и други членови од неговата групата.