Масло на платно 99х87 см
Датум 1508 година
Во средината на сликатата Дирер се насликал себе си со еден пријател (Конрад Келтес?).
Сликарот држи со двете раце знамеце со натпис @Iste fatiebat ano domini 1508. Alberto Durer aleman#.
Делото е насликано за саксонскиот кнез Фридрих Мудриот. Го откупил Рудолф Втори во 1600. Подготвителниот цртеж со перо се чува во Албертини во Виена. Истата тема Дирер ја обработил во дрворез во 1498 година.
Во десниот дел на сликата се гледа стариот крал на коњ, со голем турбан на главата: тоа е Сапор, кралот на Персија, кој наредил мачење и погубување на 10 000 христијани.
Според преданието, во 343 година Сапор на смрт го осудил епископот Ктесифон, поглавар на Персиската црква, заедно со уште стотици свештеници и многу верници.
Епископот е насликан со митра на левата страна од сликата.
Подоле, Христос со трновиот венец присуствува на мачењето на своите следбеници. Двајца христијани на крст, како двајцата разбојници распнати со Исус, потсетуваат на жртвите на Голгота.
Сликарското решение на проблемот со многу фигури во просторот може да послужи како образец за компонирање. Малите димензии го принудиле сликарот да прибегне кон макотрпна минијатуристика. Боите се мошне воздржани. Начинот на кој се сликани растенијата откриваат изразита сензибилност.