Алдо КЛИМАН

По повод мизерната сталино-фашистичка ДЕНУНЦИЈАЦИЈА на македонскиот јавен деец БОГДАН ИЛИЕВСКИ пред тнр. Комисија за заштита од дискриминација, поднесена од страна на некоја „невладина организација“ ДЕЛО, поради божемен говор на омраза кон Бугарите!

Демократијата, од античките времиња кога е создаден тој општоцивилизациски поим, па сѐ до нашево време, ги подразбира и иманентно ги содржи СЛОБОДАТА НА МИСЛЕЊЕТО, СЛОБОДАТА НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕТО и СЛОБОДАТА НА СЕБЕИЗРАЗУВАЊЕТО. „Сите тие три Слободи се сестри“, цитирам една стара револуционерна француска поговорка. Најцврсти елементи во темелите на современата европска цивилизација, од Француската буржоаска револуција до денес, се токму тие недопирливи човечки, што значи демоктратски, слободи. И затоа секоја етикета со која се настојува не само дневно-политички да се дезавуира некого или нешто, туку и крајно опасно да се денунцира пред законот, или во најмала рака пред јавното мнение, претставува конкретен, совршено прецизен, непобитен и недвосмислен показател на опасна фашизација или сталинизација на општеството. А ова заевско, квислиншко, полициско општество веќе предлабоко е зацапано во таа црна антидемократска диктаторска кал.

Не само што постои една таква морничава удбашка Комисија за заштита од дискриминација, туку постојат и до подробности разработени и печатени формулари подготвени за сеопшта денунцијација. Ајде, мрсулави поткажувачи, растрчајте се сега до своите удбашки сенки со кодни имиња во МВР, и пријавувајте. Среќна Нова 1949 година!

СМРТ НА СТАЛИНО-ФАШИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА!

ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДАТА НА МИСЛЕЊЕТО И СЛОБОДАТА НА ЈАВНОТО ИЗРАЗУВАЊЕ!