Страшо АНГЕЛОВСКИ

                                                   Наближува поделбата на Македонија!!!

Веќе 32 години, од 1990-та, македонскиот народ е соочен со моќни непријатели кои перманентно работат на неговото укинување и поделба на Република Македонија. 32 години постојана битка – од една страна македонскиот народ, од друга неговите непријатели – 1. големите европски сили кои во Букурешт во 1913 година мислеа дека го затворија македонското прашање со поделбата на Македонија, засилени со САД, организирани во “меѓународна заедница“; 2. албанската политичка елита во државава организирана во политички партии (ПДП, ДПА, ДУИ, АА…сеедно); 3. СДСМ, како наследник на озлогласената комунистичка партија, дувло на “црвената буржоазија“ и тупаница на УДБА методологијата.

ХРОНОЛОГИЈА НА НЕПРИЈАТЕЛСТВАТА

– 1990-та.

Тогашниот СКМ-ПДП, подоцна преименуван во СДСМ, со сите сили се бори против независноста на Македонија и останување во некаква асиметрична федерација, наспроти волјата и желбата на македонскиот народ и неговите вековни стремежи.

“Меѓународната заедница“ работи на уништување и маргинализација на единствената политичка партија со огромен интелектуален капацитет и со автентична визија за иднината на Македонија како независна, самостојна, неутрална и демилитаризирана држава, МААК, предводена од големите македонски умови Анте Поповски и Гане Тодоровски, а, нормално, заради “успешни евроатлантски интеграции“.

Албанската политичка елита агитира за неприфаќање на референдумот за независност од 8 септември 1991, а истовремено распишува нелегален референдум за отцепување од Македонија и создавање некаква Илирида.

– 1994-1998.

Владеејќи сам, без опозиција, СДСМ, како најголем крвник, ограбува се’ што македонскиот народ создавал низ вековите и го дели според заслуги во антимакедонските активности на свои видни членови. Македонскиот народ осиромашува до ниво на очај, изгладнетост и безизлез.

– 2001-2002

Република Македонија е нападната од албански терористички групации, заради етничко чистење на македонската територија од македонски народ, со огромна, веќе документирана, помош од “меѓународната заедница“ и СДСМ кој, токму под притисок на таа “меѓународна заедница“, влегува во “широка Влада“, го добива Министерството за одбрана и соработува со терористите против македонскиот народ кој застана во одбрана на татковината. Под притисок на “меѓународната заедница“ се потпишува капитулантскиот “Рамковен договор“, кој од рамка за албанските барања прерасна во бескрајна спирала на желби, притисоци, уцени и закани. На парламентарните избори, СДСМ ги промовира терористите во пратеници и министри.

– 2004.

Со новата територијална поделба, подготвена и реализирана од тројцата непријатели на македонскиот народ, СДСМ, “меѓународната заедница“ и албанската политичка елита, се легализираа и официјализираа резултатите од етничкото чистење на сметка на македонскиот народ, кого го сметаат за свој непријател.

– 2017-2018.

– СДСМ и ДУИ, со притисоци од “меѓународната заедница“ незаконски и насилнички формираат парламентарно мнозинство, ги судат македонските уставобранители на 200 години робија и воведуваат систем на деспотизам во државава. Со лаги и измами, со постојани посети и обраќања на непријателите на македонскиот народ од “меѓународната заедница“, се распишува нелегитимен референдум, кој и таков, никаков, завршува неуспешно. Непријателите на македонскиот народ, подмолно и душмански, ја газат волјата на македонскиот народ и пристапуваат кон потпишување на Преспанскиот договор и внесување на Македонија во НАТО. Го менуваат името на државата, ја бришат македонската историја и го бришат идентитетот на македонскиот народ.

КОНЕЧНА ЦЕЛ – ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА

Во сите овие историски премрежиња, како подготовка за задавање на конечниот удар на македонскиот народ – поделба на неговата држава, од една страна се наоѓал македонскиот народ, кој постојано, на референдуми, со протести и со несогласувања, јавно го искажувал својот став, а од другата страна неговите непријатели – СДСМ, подмолната “меѓународна заедница“ и албанската политичка елита.

За жал, со влезот на обезименетата и обезнародената држава во НАТО, се создадоа услови за нејзина поделба (нешто што го говорам и пишувам со години), бидејќи поделбата на членка на НАТО од страна на други држави членки на НАТО, ќе се смета за внатрешно прашање на НАТО алијансата и, секаков обид од надвор да и се помогне на земјата членка која ќе се дели, според членот 5 од “Уставот“ на НАТО, ќе се смета за напад врз сите земји членки. Така, при едно такво сценарио, Република Македонија ниту ќе може да побара, ниту ќе може да добие помош од кого било, освен, се разбира, од “меѓународната заедница“.

Со “францускиот предлог“ и неговото усвојување, треба и официјално да започне процесот на поделба на Македонија. Најпрво нејзина федерализација, а потоа и поделба меѓу двата соседи. Со договорот што ни се нуди, дури и обидите да се спречи поделбата и да се говори јавно за тоа што ќе се случува, ќе бидат квалификувани како говор на омраза. Македонскиот народ, ќе мора или молчешкум да и гледа на смртта во очи, или ќе биде прогонуван и затворан во сопствената држава.

Токму денес, 14 јули 2022 година, непријателите на македонскиот народ, СДСМ, албанската политичка елита и, врвен претставник на “меѓународната заедница“, Урсула Фон Дер Лајен, заедно, во зградата на македонското собрание ќе го усвојуваат конечниот акт на непријателство против македонскиот народ. Акт за негово дефинитивно укинување.

А тој, народот, како и секогаш, со вистината и љубовта кон Македонија, надвор пред зградата, ќе се бори против своите веќе јавни и докажани непријатели. А, кога ги знаете непријателите, борбата е полесна.

И, бидејќи маските паднаа целосно, бидејќи македонскиот народ веќе ги препозна своите непријатели – СДСМ, албанската политичка елита и “меѓународната заедница“, мора да изготви стратегија за борба. Борба која ќе биде тешка и со многу жртви. Борба како “најдолгиот пат“. А, знаеме дека и најдолгиот пат започнува со првиот чекор – првиот чекор мора да биде уривање на оваа непријателска власт. Потоа, народот си знае, секому според заслугите!!!

(авторот е претседател на МААК)