Еве неколку научни, но и истражувачки факти за Македонизмот и нашата врска со истиот (заради полесна читливост, во излагањето овде ќе биде применето популарно претставување на нештата, без стриктно научен пристап):

1. Основа на научните истражувања на античката историја претставува Каменот од Розета. Него, закопан во песокот во Египет, пред два века го има пронајдено Французинот Шамполион. Потоа е преземен од Англичаните и сега се наоѓа во Музеј во Англија. Истиот претставува голема камена плоча на која се испишани три текста – едниот со Египетски хиероглифи, средниот со цртки и рецки и последниот со Демотско писмо. Се пошло од претпоставката дека каменот е изгравиран од страна на владетелите на тогашен Египат кои таму владееле по освојувањето од страна на Александар Македонски – Птоломеите-Птолемеите. Бил поставен на видно место во државата и претставувал упатство, со иста содржина напишано на три писма, кон жителите на Египет од страна на Птоломеите како владетели – барем двестотини години пред Исус Христос. Бидејќи Демотското писмо во научниот свет во времето на наоѓањето на Каменот било познато, текстот напишан со Демотско писмо послужил за утврдување на значењето на хиероглифите во текстот напишан со хиероглифи, оттука и на сите текстови од антички Египет напишани со хиероглифи, кои дотогаш не можеле да се читаат. Средниот текст, напишан со цртки и рецки, не бил прочитан се’ додека преку Македонската академија на науките и уметностите не е спроведен научноистражувачки проект, воден од Македонските истражувачи Академик Томе Бошевски и Проф. д-р Аристотел Тентов. Овие истражувачи во истражувањето пошле од можноста – јазикот на кој е напишан овој среден текст да е Македонскиот. Со долги истражувања и примена на современа технологија е успеано да се прочита тој текст и е утврдено дека истиот е напишан на сегашен Македонски јазик, на сегашно Битолско наречје.

Значи, со ова истражување е утврдено значењето на цртките и рецките во тоа писмо. Дека тоа не биле само обични цртки и рецки ами широко користено писмо во тоа античко време, нека послужи фактот што по ова се прочитани и текстови пронајдени во Винча кај Белград. Се смета дека таканаречената култура од Винча е стара најмалку 6.000 години, односно дека на овие простори повеќе илјади години постоел организиран живот со соодветно ниво на култура и писменост.

Земајќи ги предвид фактите наведени предмалку, како и фактот што Македонската држава била високо организирана како царство, значи користела своја администрација, финансии, разменувала пишани документи со другите држави и за тоа веројатно го користела писмото со цртки и рецки, се поставува прашање зошто на овие простори на Балканот не се најдени вакви историски артефакти. Образложението е следното: за разлика од Македонскиот пристап кај кој на новоосвоените народи им се оставало да ја применуваат, дури и да ја шират својата култура и вредности, Римското царство уништувало се’ што претставувало знак за затечената култура и традиции. Оттука, се смета дека по освојувањето на Македонските простори се уништувани вакви факти и предмети. Како доказ за ова може да послужи токму Каменот од Розета кој е најден во Египетскиот песок и кого Римјаните не го нашле во тоа време. Инаку и него би го уништиле.

Од досега реченото може да се заклучи дека ние Македонците не сме дојденци или сме биле натрапници од друго место и краишта, туку сме староседелците кои го зборувале својот јазик барем 200 години пред Христа кои, меѓу другото, го ширеле својот јазик и култура надвор од матичната земја – Македонија, значи, и во Египет.

2. По освојувањето од страна на Римјаните на териториите што Македонците ги држеле низ Средоземното Море, може да се претпостави дека дел од овие Македонци останувал во земјите и териториите во кои веќе биле, веројатно со векови. Тоа се случило и со териториите на тогашната Палестина, во која имало населени и Евреи. Овие Евреи многу порано ја имале и ја практикувале својата монотеистичка религија – Јудаизмот. Притоа е добро позната цврстата поврзаност на Евреите со Јудаизмот. Оттука, може да се прифати пристапот дека Македонците што останале во тие краишта го покренале воспоставувањето на нова монотеистичка религија – Христијанството. Имено, се смета дека Света Дева Марија, како и идните апостоли, потекнувале од тамошните Македонци. Како доказ може да послужи точно доаѓањето на Апостол Павле токму во Македонија. Се смета дека тој најпрвин дошол “кај своите“. Се смета, исто така, дека во Македонија дошла и Света Дева Марија.

3. Интересно е што од Солун, што е блиску до местото во кое дошол Апостол Павле, се и двајцата просветители – Светите Кирил и Методиј. Дали тоа претставува случајност или зборува за некакви културни традиции на Македонците со векови нанаѕад? Истите се нарекуваат “Словенски просветители“ заради тоа што просветителството го ширеле во Словенските земји низ Европа.

На полето на истражувањето на Античкиот, па и средновековниот Македонизам, познавачите искажуваат почит кон трудот на сегашниот автор Милош Линдро. Тој смета дека Светите Кирил и Методиј не ја составиле Кирилицата непосредно пред нивниот избор за просветители на Словенските народи во Централна Европа, туку дека таквото писмо постоело отпорано. Како доказ смета дека не било можно за толку кус период ем да се создаде ново писмо, ем да се преведат толку црковни книги на Словенски (Старословенски) јазик. Може да се претпостави дека на Светите Кирил и Методиј им биле потребни повеќе од еден примерок од секоја книга што ја превеле и ја однеле во Моравија, односно им требало време за рачно создавање на копии од истите. Оттука, Милош Линдро изведува доста логичен заклучок дека и кириличното писмо, но и книгите напишани на Старословенски јазик, постоеле доста порано.

Интересен е и податокот дека во контекст на Светите Кирил и Методиј се спомнува дека пред воведувањето на Глаголицата и Кирилицата постоеле записи со цртки и рецки. Оттука, може да се воспостави врска-континуитет помеѓу писмото со цртки и рецки на средниот текст на Каменот од Розета и ваквото писмо пред воведувањето на Глаголицата и Кирилицата.

Местото на Охрид во контекст на досега обработените аспекти:

4. Милош Линдро, во своето дело “Заборавениот Кадмо“ (дело кое би требало да го има или барем да го прочита секој “загрижен Македонец“!!!) открива дека над Охридското езеро се замислува крст на кој врвот на вертикалниот крак му е околу Канео, долниот крај на тој вертикален крак му е кај Свети Наум, а хоризонталниот крак на замислениот крст има краеви на левиот и десниот крај на езерото. Во истото дело тој наведува дека во шеснаесеттиот век, од Охрид во Ватикан, двапати, со по десетина магариња, се однесени товари со книги. Значи, може да се претпостави дека тие книги и сега се наоѓаат во тамошните архиви. Ова соодветно зборува за значењето на Охрид, значи и на Македонија, за Европската култура и религиски традиции.

5. Во друго свое дело, истиот автор Милош Линдро, проучувајќи го Ерусалим од времето на создавањето на Христијанството, утврдил дека на секоја слика, поточно цртеж на одредени пејзажи-предели од Ерусалим, се наоѓа голема вода. Споредувајќи слични пејзажи од денешен Охрид, откривал неверојатни сличности. Тие споредби ги има дадено во тоа свое дело. Оттука, но и од претходно наведените факти за Охрод, извлекува заклучок дека тогашниот Ерусалим всушност бил Охрид. Знаејќи дека во светот постојат и други трудови во кои се фрла сомневање во вистинското место на Ерусалим, односно на местото на создавањето на Христијанството, може да се претпостави дека и тезата на Линдро за Охрид како вистинскиот Ерусалим, може да има одреден основ.

Од олку факти, наведени вака збиено, секој може да заклучи дека ние сме наследниците на старите – античките Македонци. Тоа ни’ дава право, но и обврска да се грижиме за Македонизмот и да го браниме.

В. П.