ПИСМО ДО ПЕТМИНА ИСТАКНАТИ ЕВРОПСКИ ПОЛИТИЧАРИ

ЛУИЏИ ДИ МАЈО (Luigi Di Maio), министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија

БЕНЕДЕТО ДЕЛА ВЕДОВА (Benedetto Della Vedova),
заменик државен секретар на Република Италија

ВИНЧЕНЦО ЧЕЛЕСТЕ (Vincenzo Celeste),
директор на Одделот за Јадран и за Балканот на Генералната дирекција за Европската Унија при Министерството за надворешни работи
на Република Италија

ГОРДАН ГРЛИЌ-РАДМАН, министер за наворешни работи на Република Хрватска

ВАЛТЕР ФЛЕГО,
хрватски пратерник во Европскиот парламент, од Истра

Напомена:
Содржината на писмото до сите адресирани политичари е идентична, освен во делот каде што се спомнуваат Република Италија, односно Република Хрватска.

Предмет: Ослободување на политичките затвореници во Република Македонија

ЛУИЏИ ДИ МАЈО, министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија

Почитуван,
како македонски и хрватски интелектуалец и јавен деец, слободен сум да ви се обратам со молба да ги вложите сиот свој дипломатски и политички авторитет и влијание Република Италија пред највисоките инстанци на Европската Унија да побара итно стопирање на сите натамошни дејствија околу приемот на Република Македонија во тоа високо европско друштво, и да издејствува целосен мораториум врз сите натамошни активности во таа смисла, сѐ додека во Република Македонија безусловно не бидат пуштени на слобода сите политички затвореници, осудени во монструозните монтирани политички процеси во врска со настаните од 27 април 2017 година за наводен тероризам, со драконски затворски казни во вкупно траење од 211 години, како и сѐ додека не им се организира и не се одржи праведно, објективно судење за учеството во настаните на тој ден, кои, всушност, беа на нивото на инсценирани нереди и груби туркања во просториите на Собранието, предизвикани поради апсолутно антиуставното и вонпроцедурално, насилно конституитрање на македонскиот парламент.

Актуелната власт на премиерот Зоран Заев тогаш бескрупулозно се послужи со своите политички и партиски сосема потчинети и узурпирани тела на највисоките судски власти во државата, за да може со тие, во поновата историја на Европа невидени политички процеси и пресуди, на сите граѓани на Република Македонија да им втера страв во коските и да го оневозможи секој натамошен отпор кон неговата безобѕирна авторитарна моќ која, како што сигурно ви е веќе добро познато, длабоко е потоната во корупција и криминал, во безобѕирно поништување на медиумските и на човечките слободи, во бројни молионски корупциски афери, од рекетирањето на видни деловни луѓе и претпријатија, па сѐ до директна цврста поврзаност со балканската и другите мафии и нејзините најопасни босови, по кои се распишани европски и светски потерници, а на кои токму властите на Зоран Заев, на сите од ред, им издале македонски пасоши со лажни имиња и дури со нив биле во најблиски и најдиректни контакти, за што сведочат низа документи и документарни фотографии, со што им овозможиле на тој начин слободно да се движат низ разни европски држави, и им осигурувале и престој и криминално дејствување во и од Република Македонија кон други земји.

Република Македонија денес е единствената земја на просторот на слободна и цивилизирана Европа во која постојат политички затвореници, кои притоа се држат по македонските затвори во нехумани и животно загрозувачки услови. Станува збор главно за луѓе од помлада и на средна возраст, меѓу кои некои се и со позначајни здравствени проблеми, а повеќето од нив се истакнати македонски интелектуалци.

Под силниот притисок на јавноста и за да ја намали политичката штета на своја сметка пред домашната и пред светската јавност, Заев беше приморан да ги пушти на слобода неколкуте исклучително видни македонски уметници и интелектуалци, меѓу кои беше и македонскиот баритон со светска слава Игор Дурловски, откако неправедно одлежаа во затвор по половина година или подолго, а на останатите им понуди „да се покајат“, што тие, не чувствувајќи се виновни, енергично и со индигнација го одбија. Меѓу нив најистакнато име е Јане Ченто, внукот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија) Методија Антонов – Ченто, првиот претседател на Демократска Федеративна Македонија (од 2 август 1944), легендарен македонски национален патриот и политичар, кој во повоените југословенскои политички чистки доживеа токму таква судбина: на монтираниот политички процес е осуден, и како политички затвореник и осуденик е грубо одстранет од тогашниот политички и јавен живот, за потоа, во тие нехумани услови, во 1957 година да згасне и неговиот живот.

Неговиот внук, триесет и двегодишниот адвокат, татко на малолетно четиригодишно дете, кое досега лично не го видел, бидејќи токму толку долго се наоѓа во строг политички затвор, Јане Ченто, осуден на 15 години затвор под обвинение за тероризам (Апелациониот суд казната му ја намали на 13 години), се најде на чело на македонските уставобранители, и стана симбол на македонскиот бескомпромисен национален отпор кон срамната, ненародна, авторитарна, корумпирана и криминална власт на Зоран Заев.

За в недела, на 25 април 2021 година, во Македонија е закажан голем народен протест, и тоа без политички обележја, со барањето Јане Ченто и сите Уставобранители безусловно да се пуштат на слобода, и да им се организира праведно судење за учествувањето во горе спомнатите немили настани.

Почитуван, Ве молам, заземајќи се, од наведените причини, во самата Република Италија и пред највисоките инстанци на Европската Унија за мораториум на сите натамошни активности околу започнувањето на преговорите со Република Македонија за нејзино примање во ЕУ, како и за итно ослободување на македонските политички затвореници, да го искажете демократскиот дух со кој со право се гордее италијанскиот народ, со кој македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија негуваат одамнешно, длабоко и посведочено пријателство и заемна благонаклоност.

Однапред ви благодарам за заземањето за оваа важна и неодложна хумана работа која најдиректно се однесува и на нашето сфаќање на Европа и на нејзините држави-членки како цивилизациски простор на непоматени човечки слободи, во кои поимот политички затвореник денес е и мора да биде само еден мачен историски анахронизам.

Примете ги изразите на мојата длабока почит,

Алдо Климан, македонски и хрватски писател

Oggetto: Liberazione dei prigionieri politici nella Repubblica di Macedonia

Al Ch.mo LUIGI DI MAIO Ministro degli affari esteri e della cooperazione internazionale

Spettabile, mi prendo la libertà in quanto personaggio pubblico e intellettuale macedone e croato, di rivolgermi a Voi con la preghiera di adoperare tutta la Vostra autorità e influenza diplomatica e politica affinché la Repubblica Italiana richieda dinanzi alle massime istanze dell’Unione Europea l’urgente sospensione di ogni ulteriore attività riguardo all’adesione della Repubblica di Macedonia a questa stimata associazione europea e ottenga una moratoria totale su tutte le ulteriori attività in tal senso, fino a quando non saranno rilasciati incondizionatamente tutti i prigionieri politici che sono stati condannati per presunto terrorismo nei processi politici mostruosamente montati in relazione agli eventi del 27 aprile 2017, nei quali sono state comminate pene draconiane per una durata totale di 211 anni e fino a quando non verrà istruito un processo equo e obiettivo riguardo alla loro partecipazione agli eventi di quel giorno, che erano, in effetti, a livello di disordini e spintoni in parlamento provocati dalla costituzione assolutamente incostituzionale, extra procedurale e violenta del parlamento macedone.

L’attuale governo del Primo ministro Zoran Zaev ha utilizzato senza scrupoli allora le più alte autorità giudiziarie di quel paese, politicamente e partiticamente completamente subordinate e usurpate, per instillare la paura in tutti i cittadini della Repubblica di Macedonia e sopprimere ogni reazione e ogni ulteriore resistenza al suo spericolato potere autoritario che, come ben sapete, è profondamente coinvolto nella corruzione e nella criminalità, nella sfacciata soppressione delle libertà umane e dei media, in numerosi scandali corruttivi da milioni di dollari, che vanno dal taglieggiamento di imprenditori di spicco e di società, allo stretto legame diretto con le mafie balcaniche e di altra provenienza, con i suoi numerosi e pericolosi boss per i quali sono stati emessi mandati di arresto europei e mondiali e ai quali le autorità di Zoran Zaev, a tutti loro indistintamente, hanno rilasciato passaporti macedoni con false identità, mantenendo inoltre con loro il contatto più stretto e diretto, come testimoniano numerosi documenti e fotografie documentarie, consentendo in tal modo a loro di muoversi liberamente in molti paesi europei, ma anche di svolgere indisturbati le loro attività criminali all’interno della Repubblica di Macedonia e da qui verso altri paesi.

Oggi, la Repubblica di Macedonia è l’unico paese sul territorio dell’Europa libera e civile nella quale esistono prigionieri politici che, per giunta, sono detenuti nelle carceri macedoni in condizioni disumane e malsicure per la stessa esistenza. Si tratta soprattutto di giovani e di persone di mezza età, alcune delle quali hanno seri problemi di salute, e sono per lo più intellettuali macedoni di spicco.

In seguito alla forte pressione dell’opinione pubblica e al fine di ridurre i danni alla propria immagine politica di fronte all’opinione pubblica nazionale e internazionale, Zaev è stato costretto a rimettere in libertà, dopo che avevano scontato ingiustamente sei e più mesi di prigione, alcuni artisti e intellettuali macedoni di spicco, tra cui il baritono macedone di fama mondiale Igor Durlovski, mentre agli altri ha offerto l’opportunità di “pentirsi”, cosa che loro, non sentendosi colpevoli, hanno rifiutato energicamente. Tra loro, il nome più importante è Jane Čento, nipote del primo presidente del Presidium dell’ASNOM (Consiglio antifascista di liberazione popolare della Macedonia) Metodija Andonov – Čento, primo presidente della Repubblica federale e democratica di Macedonia (dal 2 agosto 1944), leggendario patriota e politico macedone, che subì un identico destino nelle epurazioni politiche jugoslave del dopoguerra. Fu condannato in un processo politico montato e come prigioniero politico fu bruscamente allontanato dalla vita politica e pubblica di allora, per finire prematuramente la sua vita nel 1957 in seguito al trattamento disumano subito.

Suo nipote Jane Čento, avvocato quarantenne, padre di un bambino di quattro anni che finora non ha mai visto perché per tutto questo tempo è detenuto in carcere in un regime di estrema durezza, è stato condannato a 15 anni di detenzione con l’accusa di terrorismo (in appello la pena gli è stata ridotta a 13 anni). Ritrovandosi oggi a capo dei cosiddetti Difensori della Costituzione macedoni, è diventato il simbolo della resistenza nazionale senza compromessi al vergognoso, impopolare, autoritario, corrotto e criminale governo di Zoran Zaev.

Per domenica 25 aprile 2021 sono stati indetti grandi comizi di protesta popolare in Macedonia, senza caratteristiche politiche, per chiedere che Jane Čento e tutti i Difensori della Costituzione siano rilasciati senza condizioni e che sia allestito un processo equo riguardo alla loro partecipazione ai suddetti spiacevoli eventi.

Spettabile, la prego di adoperarsi, nella Repubblica Italiana e dinanzi alle massime istanze dell’Unione Europea, per l’instaurazione di una moratoria su tutte le ulteriori attività riguardanti l’avvio dei negoziati con la Repubblica di Macedonia per la sua adesione all’UE, nonché per l’immediata liberazione dei prigionieri politici macedoni, esprimendo in tal modo il grande spirito di democrazia del quale è giustamente orgoglioso il popolo italiano, con il quale il popolo macedone e tutti i cittadini della Repubblica di Macedonia coltivano una lunga, profonda e testimoniata amicizia e reciproca benevolenza.

Ringraziandola in anticipo per il Suo impegno su questa importante e urgente questione umanitaria che riguarda direttamente il nostro modo di concepire l’Europa contemporanea e i suoi stati membri come uno spazio di civiltà e di libertà umane indisturbate, nel quale il termine prigioniero politico oggi è e dovrebbe essere soltanto un penoso anacronismo storico, le esprimo il mio più profondo rispetto,

Aldo Kliman, scrittore macedone e croato