Ало КЛИМАН
Беспримерната без’рбетничка, неморална, самодопадна егзибиционистичка преобразба на Венко Андоновски, од една мизерна, алчна душа, за пусто ќесе пари продадена на архи-простакот, примитивец, неписменото сељачиште, криминалец и најбеден велепредавник Зоран Заев, – наеднаш, преизбричен, свертнат со нови белила и фини пудри од својата космополитско-глобалистичка пудриера, пресоблечен во најморален и најосвестен заштитник на македонскиот народ и божемен голем борец против таквите како што беше и каков што е неговиот долгогодишен државен мецена и работодавател ЗЗ, и неговата актуелна простачка сдсмовско-големоалбанска клика на која Заев ѝ ја пренесе својатаа мрачна, антимакедонска, деструктивна задача, и која, еве, прави сѐ со сите сили да ни ја доуништи Македонија, – нѐ предупредува дека по неминовниот и скорешен смртен пораз на ЗАЕВИЗМОТ треба да очекуваме масовна појава на ВЕНКОВИЗАМ и ВЕНКОВИСТИ, т.е. на безобѕирни, аморални вртикапци и мизантропски суртуци што ќе сторат сѐ скапо да ни го продаваат својот лажен патриотизам, а ние да му ракоплескаме.
Македонски народе, не дозволи да зацарува таа уште пострашна чума, тој црн ВЕНКОВИЗАМ – и на чело на нашиот изворен македонски, патриотски, слободарски дух да ни се ставаат такви алчни, расипани, превртливи, комуњарски, заевистички и глобалистички надри-патриоти! Не се лепи на неговите сладникави зборови и мантри, што тој ти ги шепоти на уво, зашто знае дека си страден, дека милозвучно те мамат, и оти најпосле повторно ќе те измамат, барем сѐ додека не се појави некој нов велепредавнички силувател на Македонија, кој подобро ќе му плати!
Еве, мили мои, прочитајте го заедно со мене Венко Андоновски, тој сосема „прочитан“ родоначалник на ВЕНКОВИЗМОТ – првата ласта на тоа вистинско демонско зло што ни ја носи во Македонија оваа страшна нова „птичја чума“. Впрочем, Венко Андоновски тој свој „славен“ автопортрет, што подолу е пред вас, и во кој си скока во лажливата уста, сам си го направи во својот незаборавен морален-стриптиз, познат како „Мегаинтервју“.