Алдо КЛИМАН
Најистакнатиот платен моралист на заевизмот, со оние две длабоко врежани големи црвени букви на челото – ЗЗ, Венко Андоновски, наеднаш повторно нагло истрча на сцената од својот приватен монодрамски театар, и со афектирани потези на артист со пропадната кариера, пред публиката театреално го отфрли својот свилен шарен плашт на општопознатата заевска мисловна старлета, наглавачки се фрли во калта на “небањатите”, и во неа до лудило се препелкаше, се валкаше, и се валкаше, за, по можност, да стане најнебањат и прв меѓу “небањатите” Македонци. Е, не оди тоа така, црноризецу Венко! Благородната “македонска народна кал” од која нас “небањатите” нѐ создал Господ, не се фаќа на лигавото тело на таквите продадени души и мразни лазачи. Ајде, лази си, лази си натаму. Според лигавата трага ќе знаеме до каде си долазил и долизгал…