Да се открие досега непозната и необјавена фотографија од најголемиот и најславен македонски револуционер, апостолот на македонското револуционерно движење и идол на Македонскиот народ Гоце Делчев, несомнено е едно од најголемите историски откритија на македонската историска наука во поново време, пишува Александар Донски во Македонска нација.

Сопственик на фотографијата денес е Јордан Симоновски (род. 1947), познат штипски фотограф, снимател и хроничар, еден од основачите на најпознатото фото студио во Штип и пошироко во втората половина на XX век, студиото „Фото Трајче“.

– Фотографијата со децении стоела во нивната семејна архива заедно со десетици илјади други фотографии од подамнешно и поново време. Кога снимав документарна емисија за Јордан Симоновски, за време на прегледувањето на неговите фотографии наидов и на оваа фотографија, која ме заинтересира и по нејзиното проучување и анализа сфатив дека пред мене се наоѓа фотографија од извонрено историско значење. Упатувам голема благодарност до Јордан Симоновски, кој овозможи објавување на оваа бесценета фотографија, пишува Донски.

Како што се гледа, на фотографијата (која на некои места е малку оштетена, главно поради прекршување, но сепак е јасно видлива) има шест личности од кои две седат, а четири стојат. Прва од десно на фотографијата е Јустинијана (Јанка) Каневчева – вереницата на Гоце Делчев. Веднаш до неа е самиот Гоце Делчев. Пред нив седат родителите на Гоце: таткото Никола и мајката Султана. Лево од Султана стои млад маж, а меѓу Султана и Никола стои млада жена. Во продолжение ќе ги анализираме ликовите поединечно.

Како дошла фотографијата со Гоце Делчев во семејството на Јордан Симоновски, тоа не се знае со сигурност.

Целата приказна на Донски во Македонска нација на овој ЛИНК.