Александар Генчов

Кога не тепаат по Кале, кога не тепаат по Бутел, кога ни викаат на секој чекор „дивјаци дојдени од Карпатите“, кога пеат „сестрите ваши ние ви ги ебеме“, кога пеат „Тоше педер“, кога викаат „ќе ве вратиме зад Карпатите“, кога буквално и небуквално не убиваат дури…
… Е тогаш ве нема цела една багра да хејтате, да напаѓате.
Тогаш ќутите како маченца. И уште пушите.

Но, кога на некој си таму фудбалер Албанец ќе му кажат културно – „дечко резервирано е“ или има „приватна забава“, тогаш од каде ли се не ви е арсеналот на напад.
Да, ако му кажале „извинете албански зборувате и не ве примаме“, е тогаш се одговара.
Овде таков случај немало.
Ама и тогаш одговараат само Македонци.
Кога ќе кажат исклучи каурска музика тогаш не одговара никој.

И пак ќе кажам секојдневно, секој момент на илјадници Македонци по кафани име велат „извинете, приватна забава“.

На илјадници им викаат резервирано е.
На илјадници им викаат не пуштаме со кучиња.
На илјадници им викаат не пуштаме рокери.
На илјадници им викаат не пуштаме панкери.
Илјадници наши деца бакнуваат врата пред некое кафуле кога има приватна забава.
И никој ништо.
Ве нема вас дежурни хејтери на кои што во кодот, во генот, во сржта ви е да напаѓате се што е македонско.

Нивните не ги напаѓа никој.
Нема новинари, публицисти, доктори нивни, нивните да ги напаѓаат.
Они се во предност 1.5 наспрема 0.0.
Нивните не ги чепка никој, нашите се напаѓани од нив (нормално) и плус од пола наши.

Никој не го избркал тој некој си таму фудбалер зашто зборувал албански.
Лажат.
Како што никој збор не се осудил да каже зборче против кога не ја пее химната јавно пред цела нација.
Никој.
Дури сега и херој ќе биде, херој ќе стане.

Ете затоа сме на ова дереџе.
Затоа црно и тешко ни се пишува.