На почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје, свое обраќање имаше директорката Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје.
Таа потенцира дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите и ќе биде завршена до крајот на годината.
-Најавуваме значајна инвестиција на ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје. Во таа инвестиција најавуваме реконструкција и реновирање на платото пред самата клиника, на чекалните на амбулантите, на лабараториите и на специјалистичките кабинети со цел да добијат пациентите побезбеден пристап до клиниката, како поефикасна и поквалитетна дијагностика и третмани, изјави директорката Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев.
-Она што сакам да го известам е дека на оваа клиника има голема фрекфенција, најголемо родилиште со околу 4000 породувања, операции од минимални до сложени гинеколошки што се околу 5000 и 73000 специјалистички и субспечијалистички прегледи. Целата оваа фрекфенција како и неводењето грижа за одржување најавува потреба од една инвестиција од 29.000.000 денари што ќе биде изреализирана до крајот на оваа година, потенцира директорката Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев.
-Втора работа што ние сакаме да и пружиме поквалитетна заштита на жената е да ја скратиме листата на чекање. Тоа го овозможивме преку набавување на опрема за минимално инвазивна хирургија во вредност од 32 000 000 денари која што овозможува побрзо поциентката да ја испуштиме дома и со тоа да се намали листата на чекање кај овие пациетнки, потенцира директорката.
И трета работа со која сакам да ја известам јавноста е инвестирање и правење на нов современ инвитро центар. Клиниката за Гинекологија и Акушерство секогаш ги воведувала најновите современи техники и дијагностички и терапевтски, па така уште во 2000 година е направено првото инвитро кај нас и првото бебе од инвитро е родено во 2000 година на УК Гинекологија и акушерство, додаде директорката.
За жал четири години немаше направено инвирто на нашата клиника, меѓутоа од ноември 2024 година е почнато повторно да се работи со тоа што во програмата на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство се одобрени 27 милиони за осовремување на застарената опрема, која што веќе 15 години не е обновена. И почна да се прави инвитрото и се надевам дека по завршување на овој проект ќе имаме можност повторно да ги следиме светските трендови, а тоа е исклучително важно за држава како што е нашата каде што наталитетот е во опаѓање, изјави Поф. Д-р Алексиоска Папестиев.
-Со реализавија на овој проект јас мислам дека пациентите ќе добијат поквалитетна здравствена заштита, ќе се намалат листите на чекање и ќе бидат подоспапни специјалистичките и субспечијалистички прегледи. Од друга страна претставува една сериозна подршка за здравствените работници кои што ќе видиме дека можат да работат во современи услови и во јавното здравство. Целиот проект ќе биде изреализиран во современи здравствени стандарди и че покажеме дака може да се направи една модернизација и на јавниот здравствен сектор, потенцира Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев.