Францускиот актер Ален Делон (83) преживеа мозочен удар и се лекува во една швајцарска болница.

Здравствената состојба на Делон се влошила пред неколку недели и имал операција во француска болница, а потоа бил префрлен во Швајцарија, но неговото семејство досега не соопштило никакви информации.

Веста за мозочниот удар ја соопшти најстариот син на актерот.