Пред неколку дена беше укината единицата „Алфи“, а на предлог на МВР, Владата ја усвои измената на Уредбата за униформата и ознаките на униформата на новата Единица за интервентна полиција (ЕИП). Алфите беа префрлени во Единицата за брзи интервенции, а сега реагираат дека со новата трансформација им е намален специјалниот додаток од 45 на 25 отсто.
се јави проблем и со амбелмот. Имено, на новиот амблем, како што може да се забележи од фотографијата подолу, не го пишува името на државата во која тие делуваат, што е вообичаено. Всушност од ознаката на униформата на новата Интервентна единица, не може да се препознае за чие МВР конкретно станува збор, што не е случајност
А, вака изгледаше претходната ознака на униформите на „Алфите“:
Новата ЕИП, како што информира владината прес-служба, ќе биде надлежна за следење на состојбите од областа на јавната безбедност на подрачјето на Секторот за внатрешни работи и преземање дејствија и мерки од областа на јавниот ред и мир, спречување на криминалитет и постапување по барање за асистенции за спроведување на извршна одлука.
„Алфите“ при сузбивање на уличниот криминал, оперираа во цивилка и користеа необележани возила. Единицата беше формирана во 2005 година под надлежност на МВР.