Коле МАНЕВ
Али Ахмети, во облека на работник-гастарбајтер, оди во летен изборен ресторан со пет ѕвезди во кој дваесет години се нема проговорено збор на македонски јазик. Келнерот Зибери доаѓа до Али.
КЕЛНЕРОТ: Добар ден господине Али.
АХМЕТИ: Добар ден! Зибери, те молам тоа господине отфрлиго. Јас сум само обичен работник-гастарбајтер и тоа од Швајцарија.
КЕЛНЕРОТ: Добар ден Али гастајбајтер, со што можам да ве послужам?
АХМЕТИ: Зибери дали имате Рамковен договор?
КЕЛНЕРОТ: Имаме.
АХМЕТИ: Имате Тиранска платформа?
КЕЛНЕРОТ: Имаме и тоа.
АХМЕТИ: А дали имате Закон за јазици?
КЕЛНЕРОТ: Да, имаме! Ние сме ресторан со пет ѕвезди, оттука, имаме и Закон за јазици.
АХМЕТИ: Зибери, дали имате премиер?
КЕЛНЕРОТ: За жал, Али гастарбајтер, премиер немаме.
АХМЕТИ: Зошто немате?
КЕЛНЕРОТ: Премиер служиме само по порачка.
АХМЕТИ: Еве сега порачувам еден премиер, спремен на балкански начин.
КЕЛНЕРОТ: Али, заборавив да ве потсетам, за премиер малку се чека!
АХМЕТИ: Зибери да заклучиме, порачувам премиер, што се однесува до чекање вечноста е пред нас.