Лидерот на ДУИ Али Ахмети за ТВ21 истакна дека уште во 2001 година изјавил оти планира да ја направи Македонија како Швајцарија.
– Тогаш дел од македонските медиуми и политичари го разбраа тоа како провокација. Пишуваа и говореа дека планирам да ја кантонизирам Македонија. Еве сме денес, 2021, дваесет години подоцна, Македонија е членка на НАТО, и денес зборувам да ја направам Македонија подобра земја за сите граѓани. Да имаме подобро образование, подобро здравство за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци и сите…, рече Ахмети.