Поблиску сме од кога било до склучување мир со Ерменија, изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, на отворањето на 11. Светски форум на тема „Поправка на фрагментираниот свет“ во Баку.

-Од нашата последна средба, многу работи се случија и во светот и во нашиот регион. Главната геополитичка промена што се случи откако последен пат се сретнавме овде пред една година е целосно обновување на територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан, изјави Алиев.

„И ова е навистина многу сериозна геополитичка промена, која, според мене, ќе има многу позитивни последици во однос на решавање на конфликти кои изгледаат нерешливи“, нагласи азербејџанскиот претседател.