Алијансата за Албанците (АА) реагираше по синоќешните настани на плоштадот Скендербег, каде што беше вклучен и братот на функционерот, Зуди Енузи-Кока.
Од АА велат дека граѓаните веќе неколку дена „се незаштитени од хулиганите на протестите“, а апелираат до власта да не ги тера граѓаните да се бранат. Според нив, братот на Кока вчера се бранел.
– Два последователни дена Албанците од Скопје се незаштитени од државата и полицијата. Хулиганите од неодамнешните протести вчера и денеска ги нападнаа имотите на Албанците и граѓаните во Старата чаршија и плоштадот Скендербег. Ги повикуваме граѓаните да бидат воздржани и внимателни и да не напаѓаат во провокации и мрачни сценарија, изјави Наим Бајрами од АА.
Тој ги повика и партиите од власта да не ја оптоваруваат ситуацијата:
– Ги повикуваме партиите од власта, носителите на институциите, да не ја оптоваруваат ситуацијата со политички клевети, туку да ги заштитат граѓаните и да не ги принудуваат Албанците да се бранат, како што се случи денеска во Скопје, сами да го заштитат својот имот, нивната егзистенција и нивните животи. Најостро го осудуваме однесувањето на СДСМ и ДУИ кои денеска наместо да работат на заштита на граѓаните воопшто, избраа да ја затегнуваат ситуацијата со обвинувања за сценарија кон албанската опозиција, рече Бајрами.