Необјавувањето на живеалиштата на лицата од дијаспората ги загрозува колективните права што ги уживавме досега, смета партијата Алијанса за Албанците.
Според Алијанса, во Кичево Албанците може да го загубат правото за употреба на националното знаме, објави Инфомакс. Затоа го повикуваа Заводот за статистика да излезе со детални податоци за нерезидентното население.
-Необјавувањето на живеалиштата на лицата од дијаспората одигра негативна улога во прикажувањето на реалниот процент на етничките заедници во државата. Ова ги загрозува колективните права што ги уживавме досега. Во Кичево процентот на Албанци падна под 50 отсто и тоа ја загрозува употребата на националното знаме. Се манипулира со резултатите од пописот и за тоа сведочат неспорните факти за кои надлежните ќе треба да дадат објаснување, велат од Алијанса за Албанците.