Англискиот премиерлигаш Лидс денеска со жалење соопшти дека македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски нема да биде дел од тимот во новата сезона.
Алиоски заминува од Лидс по четиригодишен престој во клубот од Јоркшир за кој одигра 171 натпревари и постигна 22 голови.
– Лидс може да потврди дека четиригодишниот договор на Џани Алиоски со клубот за жал заврши, соопшти попладнево англискиот прволигаш.
Алиоски (29) дојде во Лидс во август 2017 година од швајцарската екипа Лугано и му помогна на тимот да се врати во Премиер лигата по пауза од 16 години.