Дефанзивецот на италијанската репрезентација Леонардо Спиназола ќе биде на надвор од терените околу седум месеци поради скината Ахиловата тетива, објавија некои италијански медиуми.

Фудбалерот беше сериозно повреден на четвртфиналниот натпревар на ЕВРО 2020 против Белгија (2:1).

Спинацола двапати беше прогласуван за најдобар играч на натпревар на ова првенство – на средбите против Турција и Австрија.

Полуфиналето на ЕП 2020 меѓу Италија и Шпанија ќе се одржи утревечер (6 јули) во Лондон.

Минатата сезона, 28-годишниот Спинацола одигра 39 натпревари за Рома, постигна два гола и направи осум асистенции. Неговиот договор со римскиот клуб трае до 2024 година.