Французинката Ализе Корне ја коментираше судската одлука за укинување на визата на Новак Ѓоковиќ. Србин ќе биде депортиран од Австралија.
– Знам премалку за да судам за ситуацијата. Но, можам со сигурност да кажам дека Новак е секогаш прв кој се залага за играчите, а никој од нас не застана во негова одбрана на него. Држи се Новак.
И не ме нарекувајте антиваксер, ве молам! Ви благодарам – напиша Корне на Твитер.
Федералниот суд на Австралија утрово одлучи да го депортира светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и со тоа тој нема да може да игра на Грен слемот во Мелбурн.