Фудбалерот од средниот ред на Астон фила, Филипе Кутињо имаше одличен дебитантски настап за Астон Вила. Бразилецот синоќа го постигна изедначувачкиот гол во дуелот (2:2) со Манчестер јунајтед во 22. коло од Премиер лигата.

– Ги пропуштив овие натпревари, ја пропуштив Премиер лигата. Мило ми е што сум тука со моите нови партнери. Добар почеток. До крај верувавме во себе дека нема да загубиме. Бев малку нервозен. Не сум толку добар во зборување, и оставам мојата игра да говори наместо мене. Среќен сум, тоа беше мојот прв натпревар и сега сакам да работам напорно и да влезам во подобра форма, изјави Кутињо.

По заминувањето од Премиер лигата фудбалерот имаше и подеми и падови.

– Тоа е во минатото. Сега сум овде и сум фокусиран на задачите кои ги постави клубот и тренерот. Сакам да им помогнам на моите партнери и на Астон вила, потенцира Кутињо.

По 20 одигран натпревари Астон вила има 23 бодови и се наоѓа на 12. место во поредокот од Премиер лигата.