Лидерот на германската Бундеслига, Борусија Дортмунд, одлучи да ја искористи можноста за трајно да го привлече шпанскиот играч Пако Алкасер, пишува „Билд“.
Во моментов, напаѓачот е позајмен кај „жолто-црните“, но неговиот договор има клаузула за откупување во секое време за 23 милиони евра и уште пет милиони во бонуси.
Според информациите, тимот од „Сигнал Идуна Парк“ ќе им ја префрли сумата на Каталонците следната недела на 27 ноември (вторник).
Од почетокот на сезоната, Алкасер има девет голови во осум натпревари за Борусија на сите турнири, што го прави еден од најефикасните стрелци во Европа – по еден гол на секои 44 минути