Барселона е тимот со најмногу странци и најмалку Шпанци во Ла Лига. Во тимот на Валверде во моментов настапуваат 15 играчи, кои не се локални.

Статистиката покажува дека бројката се зголемува во последните години. Најголем скок се забележува при Луис Енрике во 2014/2015 година, кога се купени седум странци. Потоа пристигнуваат уште осум.

Шпанците во тимот пак се само седум, што е најмала бројка на локални фудбалери во составот во последните десет години. Исто така Барса има и најмал број на Шпанци наспроти другите тимови во Ла Лига (заедно со Атлетико Мадрид, кој исто така има седум). Најмногу се во Атлетик Билбао – 23. Секако, сите со баскиски корени.

Редуцирањето на шпанските играчи во Барселона сепак не е процес кој се случува од неодамна. Каталонците привлекоа 34 странци во последните 10 години, додека само девет биле шпански трансфери. Интересно е дека Бразилците, дојдени на „Камп Ноу“, исто така се девет.

Последниот Шпанец, кој стана стартер за Барселона, е Жорди Алба во 2012 година. По него пристигнаа уште Алеиш Видал, Денис Суарез, Пако Алкасер и Жерард Деулофеу, но ниту еден од нив не успеа да се пробие до постојано место во првиот тим.

Во последните години Барса се чини се обидува да компензира за медиокритетниот кадровски потенцијал кој доаѓал од „Ла Масија“, со голем број странци. И ако во 2013 година, при покојниот веќе Тито Виланова, во еден дуел сите носители на „каталонците“ беа деца на „Ла Масија“, сега работите се различни.

Во моментов има едвај шестмина, изградени во школата – Лионел Меси, Жерар Пике, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Серхи Роберто и Серхи Сампер (петмина од нив носители без последниот).

Обид да се пробијат до првиот тим во последно време прават Карлес Алења, Рики Пуч, Хуан Миранда и донекаде Хуан Брандарис Мовија – Чуми, кој се уште не запишал официјален натпревар за петкратниот шампион на Европа.