Јован АЛТАНЏИЕВ, адвокатска канцеларија Алтанџиеви
Министерката лаже. Имено, на прес изјави дека одлуката банките да можат да засметуваат камати на месеците за кои ќе ви биде извршено одложување на плаќањето на ратите (со што би платиле дупла камата за одложените месечни рати, без разлика како ќе ја распоредат) е иста како и во Словенија, Албанија, Црна Гора, Србија.
Прилог одлуките на централните банки и Влади соодветно на земјите. Ако грешам, се извинувам.
*Владата и НБРМ ги ставија банките во повластена позиција, злоупотребувајќи ја вонредната состојба преку овозможување на создавање дополнителна добивка. Муабетот за ликвидност на банките не држи, имаат актива преку 7 милијарди евра, годишен добивка преку 100 милиони евра. Цврст ни е банкарскиот сектор.
Народна банка на Србија
Народна банка на Албанија
Словенија