Заврши состанокот на Централното претседателство на Алтернатива. Потпретседател на Собранието ќе биде Хисни Исмаили, Беким Сали дефинитивно ќе го наследи Венко Филипче, а министер за информатичко општество ќе биде Адмирим Алити.
Џемаил Чупи пак е новиот министер без ресор за дијаспора. Избрани се и тројца заменици министри за земјоделие, образование и култура, а објавени се и имињата на неколку директорски позиции.
Вечерва Алтернатива не донесе одлука за сите договорени места, за останатите ветени функции во партијата ќе разговараат дополнително.
Ова се дел од имињата на новите функционери од Алтернатива, покрај веќе споменатите:
Џемаил Чупи – министер без ресор – одговорен за дијаспората;
Лулзим Алиу – заменик министер за Образование и наука;
Абдулшиќир Абедини – заменик министер за Земјоделство;
Даим Лучи – заменик министер за Култура;
Орхан Муртезани – директор на МЕПСО;
Амир Елези – директор на Клиничката болница во Тетово;
Дритан Беџети – директор на ПИОМ;
Мубекир Палоши – директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“,
Блерим Абази – директор на Управа за водење на матични книги;
Беким Емини – директор на Агенција за странски инвестиции.
На седницата билеа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве.