Алтернативна му одговори на Мицкоски за понудата Африм Гаши да биде новиот мандатар во период од 100 дена,почнувајќи од февруари-март, по што би се одржале предвремени избори во мај-јуни.
Од партијата се заблагодаруваат за почитта која опозицискиот лидер ја изразил кон нивниот претседател. Велат дека во моментов се во процеси кои се уште се во тек и дека не сакаат да излезат со коментари.
Според информациите кои доаѓаат од таму, Алтернативна утре ќе одржи седница на Централното Претседателство на која ќе решаваат кои ќе бидат следните чекори на партијата и дали ќе останат дел од владиното мнозинство.
Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши и тој наместо Димитар Ковачевски да биде идниот мандатар бидејќи велеше дека единствена причина заради која ја поддржува влада е да не го кочи евроатланскиот процес кој гледаме дека е закочен. Потоа гледам дека си најде нова причина, а тоа да ги реши економската и енергетската криза, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашања на тема Албанец премиер.