Партијата Алтернатива на Африм Гаши ја предлага Фатиме Фетаи за специјална јавна обвинителка на местото од Катица Јанева.
– Сега, кога треба да се избира новото име за управување со новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока, ја предлагаме обвинителката Фатиме Фетаи да раководи со него. Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја. Се надеваме дека и другите политички фактори во земјава ќе рефлектираат во однос на овој предлог и ќе ги надминат нивните етнички и политички линии за да и гарантираат на С. Македонија правда, која ќе биде клуч и за владеењето на правната држава, но и за а долгоочекуваната евро-атлантска интеграција, соопштуваат од Алтернатива.