МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ ДО ЗАЕВ: Бездушник, го пониживте својот народ, оставка веднаш!

/ 26.07.2019

Македонскиот манифест упати отворено писмо до премиерот Зоран Заев по повод неговата срамна изјава во Атина кое го пренесуваме во целост:

Отворено писмо до Премиерот Зоран Заев

(По повод неговата срамна велепредавничка изјава во Атина)

Поднесете си неотповиклива оставка, доста ги срамевте и понижувавте Македонците

Премиере, во Атина за грчките медиуми изјавивте дека “Македонците краделе светска, балканска и туѓа историја”. Оваа ваша изјава можел од име на Македонците да ја даде само еден помрачен и морално атрофиран ум. Еден бездушник на кој не му е јасно ништо: ни што е тоа Име, ни идентитет, ни меморија, ни народ. Како резултат на тоа Македонците се сега идентитетски убиениот и најпонижен народ на Земјата. Но и покрај тоа гледаме, вие сте горд, иако меѓународната си игра мајтап со вас, играјќи си така мајтап и со македонскиот народ, мерејќи ги Македонците според вашиот ум, интелегенција и етика, а сите тие кај вас се нула според сé она што го правите, масакрирајќи го докрај достоинството и самопочитта кај македонскиот народ, и убивајќи ја докрај неговата трпелива и благородна душа. Душата која многу повеќе ја знаат и спознале странските дипломати во земјата, дури и оние чии држави учествуваа во идентитетскиот геноцид на Македонците, пред сé благодарение на вас, отколку вие што се покажавте како најголем бездушник кон сопствениот народ, кој ве смета и секогаш ќе ве смета за изрод од неговиот род.

Но вие за сé ова, премиере, не чувствувате никаков срам, очекувајќи за вашите злодела кон родот уште и Нобелова награда. А не е чудно дури и да ја добиете, бидејќи и шведскиот нобелов комитет одамна е вклучен во валканото оро на политиката, од што се превртува во гробот донаторот на наградата Алфред Нобел, кој се покаја што го измисли динамитот оти виде дека со него повтеа да се служат пред сé злосторниците на човештвото. Вас мува не ве лази, премиере. Напротив, во Атина уште на Грците, “срцем светци, лицем волци” како што вели Прличев, уште гордо, наместо да се скриете во глувчова дупка од срам, им изјавивте дека ќе бидете запаметени по тоа што сте ѝ го смениле името на Македонија со онаа идиотска, како и сите што работеа на тој геноциден проект, придавка Северна со која е активирана повторно по Бастилја морбидната справа за ликвидација на месје Гилотен, темниот архиереј на Француското Просветителство.

А поарно ќе беше да речевте дека ќе бидете од Македонците запаметени како најголемиот злосторник во неколку милионската историја на Македонија, оти на никој пред вас не му текнало да направи такво страшно злосторство, со само еден потег идентитетски да ја избрише целокупната историска меморија на еден исконски народ кој дал неброено културно – цивилизациско благо и на Исток и на Запад. Благо кое сега вие најбесрамно тврдите, и тоа кај оние кои него безмилосно го крадат, а им е и подарено, дека ние го крадеме него од нив. Такво незнаење и таква глупост навистина, како што би рекол Крлежа, заслужуваат метафизички ореол.

Не знаеме дали сфативте што сакаме да ви кажеме, премиере, оти тоа е дефинирано децидно уште во насловот на ова отворено писмо до вас: поднесете си неотповиклива оставка, доста ги срамевте и понижувавте Македонците! Вие, конечно, не сте за Македонија и Македонците, по идентитетскиот геноцид што го направивте, туку за некоја Северна и некои Северни. Таму ви е местото: не во Македонија и меѓу Македонците, тие што не се и нема никогаш да бидат Северни.

Македонски манифест


Од истата категорија