За рак (освен за рак на бели дробови), за остеопороза и за одведување на статички електрицитет од организмот
1. Потребни се:
– 3 литра козјо млеко – неварено,
– 1 литар препечена (за да нема отрови) комова, лозова или сливова ракија.
Се мешаат ракијата и млекото со дрвена лажица, смешата се става во четири стерилизирани стаклени шишиња. Се затвораат со затворачи на кои нема можност да се нафати ’рѓа. Тоа значи дека затворачите можат да бидат со пластична облога одвнатре или да бидат затворачи со тапа преку која се става најлон и се врзува со бакарна жица. Значи, затворачот да не пропушта ниту однадвор кон шишето, ниту од шишето кон надвор. Се закопуваат во земја или хоризонтално или вертикално, но слојот земја над шишињата мора да биде дебел најмалку 40 сантиметри. Во земјата треба да стојат 41 ден. Се вади едно по едно шише или шишињата се ставаат во фрижидер. Се пие наутро по еден филџан за кафе додека се искористи целата доза. Може да се зема паралелно и со земањето цитостатици или други медицински лекови, како зрачење.
Лицата што заболеле еднаш од рак веројатно се подложни и на повторување на ракот. Заради тоа треба да се има и резервна доза. Смесата трае со години ако е во земја.
Лицето што го соопштило леков вели дека со оваа метода се излекувани и болни во терминална-завршна фаза.
2. Истиот рецепт е применлив за остеопороза, со таа разлика што козјото млеко треба да биде сварено, па оладено.
3. За лица подложни на рак, но и за сите обични луѓе се предлага начин за одведување на статичкиот електрицитет и зрачењето од телото кој се собира поради тоа што телото преку кондурите е изолирано од земјата или преку постелата од останатиот дел од станот или работната просторија и статичкиот електрицитет се задржува во телото. Заради одведување треба на левата нога, на петицата на чевлата да се направи пробив во кој ќе се протне бакарна или челична жица така што едниот крај на жицата ќе ја допира земјата (подот), а другиот крај ќе ја допира петицата. Заради одбегнување на боцкање на жицата во петицата, на крајот од жицата кон внатрешноста на чевлата треба да се стави бакарна плочка. Заради сигурно остварување на контакт на жицата со телото се препорачува на петицата на чорапот да се направи дупка.
Заради одведување на статичкиот електрицитет од телото кога нема стоење, туку, на пример, лежење, се препорачува да се направи жица, на чиј еден крај што ќе биде во контакт со телото да се залеми метална плочка, а вториот крај да биде врзан за заземјувањето на шуко-штекер и така да се спие, да се гледа телевизија, да се работи итн. Исто така, се препорачува часовник што работи на батерии да се носи на левата рака поради тоа што полот “плус“ на батеријата привлекувал зрачења, особено од далноводи.
(НАПОМЕНА НА „ДЕНЕШЕН“: Ништо од ова не треба да се сфати како лек кој ќе ги замени класичните медицински лекови. Секој од Вас, доколку реши да примени некој од рецептите, тоа го прави на сопствена одговорност)