Контингент од 5000 дози од руската вакцина Спутник стигна денеска на аеродромот во Подгорица.

„Тоа е првата испорака од 50 000 дози кои Владата ги обезеди со купување врз основа на билатерален договор. Наредните денови очекуваме и донација од Кина од 30 000 дози на вакцината Синофарм“, пишува на Твитер профилот на црногорската Влада.

Вакцините од Русија на аеродромот ги пречекала министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Бојовиќ.

Македонија и натаму останува земја чиј министер за здравство не успева да обезбеди ниту една вакцина, освен милоста која ни ја додели Србија. Инаку, овие 5000 вакцини кои денеска стигнаа во Црна Гора, кога би се сметале по глава на жител, е како Македонија да добила 20 000 дози, што засега е мислена именка.