Амал и Џорџ Клуни успеаја да ги задржат своите деца далеку од центарот на медиумското внимание по нивното раѓање во јуни 2017 година.

Оние кои се обидоа да се здобијат со слики на близнаците Александар и Ела, всушност си добија парична казна.

Но, неодамна Амал, престижниот адвокат за човековите права, се прошета низ улиците на Њујорк со своите деца, овозможувајќи за првпат да се видат нивните лица.

Александар неверојатно личи на својот татко, додека Ела, иако слична на актерот, има наследено црти на неговата мајка, пишува шпанското издание „Ел Паис“.

Носителот на „Оскар“ за најдобар актер за улогата во „Сиријана“ не зборува често за децата, но кога го прави тоа, раскажува љубопитни анегдоти, на пример, за изборот на нивните имиња.

„Знаевме дека децата ќе растат под лупа и дека секое нивно движење ќе биде следено, па решивме барем нивните имиња да бидат обични. Баравме нормални имиња. Немавме многу инспирација во моментот кога ги крстивме. Воопшто не се сетивме на Александар Велики и Ела Фицџералд“, откри тој.