Честитка по повод 11 Октомври, Денот на востанието во Македонија, упати и Амбасадата на Руската Федерација во Скопје:
– Денеска со положување цвеќе на спомениците на Методија Андонов-Ченто, на Кузман Јосифоски-Питу, на Жена борец и на Могилата на непобедените во Прилеп, како и во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел им оддадоа почит на храбрите македонски борци-антифашисти! Нека им е вечна слава!- објави Руската Амбасада на својот профил на Фејсбук.