Нека ни е честит празникот 11 Октомври и да продолжиме да ги следиме идеалите за подобра Македонија, што ни ги оставија како аманет нашите предци, се вели во честитката од Данела Арсовска, независна кандидатка за градоначалник на Скопје.

– Со положување свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов-Ченто, еден од основоположниците на современата македонска држава и првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, на плоштадот Македонија, ова утро оддадов почит на борците од НОБ за сeта нивна пожртвуваност и заложби со цел да живееме во слободна и независна Македoнија. Драги мои сограѓани, уште еднаш, нека ни е честит празникот 11 Октомври и да продолжиме да ги следиме идеалите за подобра Македонија, што ни ги оставија како аманет нашите предци!- се вели во објавата на Арсовска на Фејсбук.

Арсовска во честитката по повод 11 Октомври пишува:

– 11 Oктомври е ден кога започнала нашата борба со бугарскиот фашистички окупатор. Овој ден е потсетник за нашата борба, за нашиот непокор! Овој ден треба да се потсетиме дека нашите предци ни оставиле аманет дека не треба да се откажуваме, дека треба да се избориме за она што е најважно. Овој ден е денот кога покажавме дека знаеме да се избориме за слобода. Затоа имаме обврска да продолжиме по тој пат и да обезбедиме подобра иднина на нашите идни поколенија. Честит и вековит 11 Oктомври Македонијо!