Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година, што се одржа во Будимпешта.

Како што информираше преку објава на социјалните мрежи, Сиљановска-Давкова ја проследила свечената седница на Националното собрание на Унгарија, при што со едноминутно молчење им била оддадена почит на жртвите од револуцијата.

Во објавата, претседателката ја истакна важноста на пораките испратени од највисоките претставници на Европската Унија, посочувајќи дека Унгарската револуција има значаен придонес во изградбата на демократијата.

„Убаво е да се чујат највисоките претставници на ЕУ, кога велат дека Унгарската револуција има голем придонес во изградбата на демократијата, дека вреди да се бориме сите за Европа, како наш заеднички дом“, напиша Сиљановска-Давкова.

Унгарската револуција од 1956 година претставува значаен историски настан во борбата за слобода, демократија и национален суверенитет, а нејзиното одбележување и по седум децении потсетува на жртвите и на вредностите за кои се бореле учесниците во револуцијата.