Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз во вестите на Сител рече дека корупцијата е главна пречка за напредок на земјава.

-Кога зборувате со луѓето низ земјава јасно е дека корупцијата предизвикува огромна загриженост. И борбата со корупција е толку клучна затоа што е број еден препрека за позитивната иднина на оваа земја, за нејзиниот развој, за се што се надева да постигне. Мислам дека е многу важно да се препознае дека независно дали се работи за корупција на високо ниво во форма на поткуп на високи службеници или ситна корупција која граѓаните ја чувствуваат на дневна основа кога чувствуваат дека треба да платат за да го запишат детето во одредено училиште, за да добијат работа или фер третман во болница. Сите овие форми на корупција ја изобличуваат економската ситуација и креираат недовреба во општеството, рече амбасадорката Брнз.