Амбасадорката на САД во Канада, Кели Најт Крафт, добила смртни закани и примила сомнителена пратка со бел прав испратен по пошта на нејзината адреса на живеење во Отава, известуваат канадкси медиуми.
Властите од двете држави го истражуваат инидентот.
Министерот за надворешни работи на Канада, Кристија Фриленд, се сретнала со Крафт во петокот. Фриленд и изјавила на амбасадорката дека инцидентот е целосно „неприфатлив“.
Вработениот за надзор на пратките „го открил белиот прав во писмото адресирано до амабсадорката во четвртокот. Исто така во ковертот имало и писмо со закани дека Крафт ќе биде убиена доколку не поднесе оставка.
Специјалната канадска полиција, пожарникари и тим за опасни материјали биле веднаш испратени во амбасадорската резиденција. Супстанцата која била тестирана била безопасна.
Тензиите меѓу двете земји пораснаа неодамна откако повторните преговори за Северноамериканскиот трговски договор (НАФТА) остануваат заглавени, а администрацијата на претседателот на САД, Трамп, воведе царини за металите со кои порано Канада беше икслучена.
На Самитот Г7 Трамп жестоко го криткуваше канадскиот премиер Џастин Трудо нарекувајќи го „нечесен“ и „слабак“.
Некои сметаат дека оваа тензија придонела да се изречат смртни закани, но министерката Фриленд истакна дека нема изговор за таква реакција спрема амабсадорката Крафт.
„Таа извршува важна и тешка задача а Канада ја почитува нејзината служба“, рече Фриленд.