Премиерот на Албанија Еди Рама, престојува во Виена каде даде интервјуо за австриски портали поврзано со прашањето за одлуката на ЕУ да почне преговори за членство со Тирана.

Според него, Албанија направила се што побарала ЕУ од неа, како што се компромисот со опозицијата за судските реформи.

„Ако одложувањето на отворањето асоцијативни преговори со Албанија помогне за блокирање на порастот на попшулизмот во ЕУ, тогаш во ред. Но, ние направвме се што ЕУ побара. Го сменивме Уставот со постигнат компоримис со опозицијата која не сесогласуваше речиси за секое прашање. Ние истот ака имаме волја да ги вратиме нашите граѓани кои живеат нелегално во Франција или на други места во ЕУ“, рече Рама.

Прашан за систуацијата со министерот за внатрешни работи, Фатмир Џафај, Рама истакна дека Италија никогаш не побарала екстрадиција на неговиот брат.