Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, ги смета за „смешни“ тврдењата на руските претставници дека Западот поттикнува „обоена револуција“ или „Мајдан“ во Србија и додаде дека „никој не поттикнува револуција“.
Хил за денешен Блиц вели дека на САД им е јасно дека изминатите избори покажале недостатоци во изборните процеси во Србија, кои мора да ги реши.
„Меѓународната заедница, вклучително и ОБСЕ, е подготвена да помогне. Но, демократскиот напредок на Србија на крајот зависи од нејзините граѓани. Единствениот меѓународен актер што стои на патот на напредокот е Русија – ниту Америка, ниту Европа, ниту кој било друг во Западот“, рече амбасадорот.
Тој оцени дека Русија има малку преостанати пријатели, особено во Европа, и затоа одлучила да ги искористи изборите во Србија „во очајнички обид да остане релевантна“, како и да се обиде да создаде „раздор меѓу Србија и нејзиниот евроатлантски партнери“..
„Се што и нудат на Србија е нестабилност и спротивно на напредокот“, рече американскиот амбасадор во Србија.