Одлуката на Вашингтон да испрати дополнителна воена помош за Украина претставува закана за интересите на Москва и ја зголемува опасноста од воен конфликт меѓу Русија и Западот, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
– Го гледаме тоа како директна закана за стратешките интереси на нашата земја, напиша Антонов на апликацијата за пораки Телеграм.
– Снабдувањето со воени производи што го вршат САД и нивните сојузници не само што носи долгорочно крвопролевање и нови жртви, туку и ја зголемува опасноста од директен конфликт меѓу Русија и западните земји, напиша Антонов.