Шпанскиот амбасадор во Македонија Рафаел Сориано Ортиз на социјалните мрежи напиша дека утринава го видел премиерот Мицкоски на скопскиот аеродром како чека да ги помине сите процедури, како и се кој останат патник.

-Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво, напиша шпанскиот амбасадор на „X“.

Инаку, Мицкоски денеска е во посета на Турција каде ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

На средбата, како што најавија од Владата, ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија.

Овој Совет се основа се со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.