АМДИ БАЈРАМ ЗАМОЛЧЕ 103,2 ОТСТО: Увидов дека е подобро кога мудро си молчам

/ 27.08.2019

Претседателот на Сојузот на Ромите и пратеник Амди Бајрам во изјава за Фокус вели дека сфатил како е подобро повеќе да молчи, отколку постојано да биде актуелен со некоја тема, па затоа започнал да живее повлечено.

-Си работам јас како и секогаш, но решив повеќе да не коментирам премногу на сите теми поврзани со актуелните случувања. Тоа не значи дека немам свое мислење за сето она со кое што сега се соочуваме. Напротив, си имам свое мислење, но не би го споделил со јавноста. И за аферата Рекет имам свое мислење, но нема што да го кажувам јавно. И за се друго, увидов дека е подобро кога мудро си молчам.

Еве, сега одам на седница, функционирам како што треба, професионално. Но, ова се едни такви времиња, кога важи паролата:

– Во овие времиња не треба многу да пливаш, оти може да се удавиш. И подобро ми е вака, малку повлечено кога си живеам и работам – вели Бајрам.

А негов познат процент на сигурност е „легендарниот 103,2 отсто“.


Од истата категорија