Ниту премиерот Зоран Заев, ниту други политичари не се спомнати во исказот на Јордан Камчев, рече денеска обвинителката Вилма Рускоска по седницата на Советот на јавни обвинители на која се распрашавше за шефицата на СЈО, Катица Јанева, кој е осомничена и притворена за криминалната афера „Рекет“.

-Не, воопшто не се спомнати. Апсолутно станува збор за дезинформација од одредени медиуми. Заев е спомнат само во делот каде што кажа Јордан Камчев дека пријавил кај него, нагласи Рускоска, одговорајќи на новинарски прашања.

Уште еднаш беше децидна дека ниту еден друг политичар не е спомнат во исказот на Камчев.

Таа кажа дека се уште не утврдиле како протекол во јавноста дел од записникот од сведочењето на Камчев.

На седницата на Советот на јавни обвинители, Рускоска ги презентирала доказите за случајот „Рекет“, како и исказите од сведоците кои досега ги има собрано Обвинителството за организиран криминал и корупција.