Весникот „Волстрит Џурнал“ објави дека Американ Медиа, издавач на таблоидот Нешенел Инкваерер, платиле 200.000 долари за да добијат интимна преписка меѓу Џеф Безос, главен извршен директор на Амазон и неговата љубовница Лорен Санчез.
Издавачот на тој таблоид, наводно, ја платил таа сума на Мајкл Санчез, братот на Лорен.
Тоа откритие, кое весникот го припишува на луѓето запознати со ова прашање, се совпаѓа со заклучокот на приватните детективи кои работат за Безос во овој случај од почетокот на февруари.
Тие наводно откриле дека Мајкл Санчез ја препратил кореспонденцијата на својата сестра до Инкваерер, но очигледно не утврдиле кој би можел да плати за неа.
Безос спомена дека Американ Медиа му се заканувале со објавување експлицитни фотографии доколку не престане со истражување како Инкваерер дошол до негопвите приватни пораки.