Турската полиција уапси Нигериец на аеродромот во Истанбул кој проголтал килограм кокаин.

Нигерискиот граѓанин е со иницијали Р.Е. и пристигнал до Сао Поло во Истанбул на 4 март, јави денеска телевизијата НТВ.

Полицијата одлучила да го претресе детално 22-годишниот Нигериец, но откако во облеката не му нашле ништо го испратиле во болница каде на рентген снимка во стомакот му биле регистрирани 82 капсули полни со кокаин.