Американскиот инвестициски фонд Елиот го презема италијанскиот фудбалски клуб Милан и ќе вложи вложи кеш во клубот со долга историја и трофеи.
Претходно клубот беше во сопственост на Силвио Берлускони. Елиот најави финансиска инјекција од 50 милиони евра со што Милан повторно треба да стане конкурентен.
Кинескиот бизнисмен Ли Јонгхонг лани го купи Милан од Берлускони, а беше финансики поддржуван од Елиот. Меѓутоа Ли не успеал да ги врати вложувањата, во меѓу време не успеал да најде иневститори, па сега американскиот инвестициски фонд го презема клубот.
Во моментов Елиот го има мнозинскиот пакет во италијанскиот фудбалски гигант.